Новогодишниот караван на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денес го посети Домот за деца без родители

Loading...

Вработените во Т-Мобиле и Македонски Телеком им донесоа радост на над 2000 деца низ МакедонијаДенес во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и заедно со волонтерите вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком им подарија пакетчиња со желба за уште поубава година. Овој настан е дел од традиционалниот Новогодишен караван, а во организација на Фондацијата Т-Мобиле за Македoнија, кој веќе 13 година по ред ги радува најранливите групи на деца.
 
Караванот започна на 17 декември, а ќе трае се до крајот на годината, а како дел од предвидената програма ќе бида изведени Новогодишни претстави и делење на пакетчиња за децата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства.
Овој караван го реализираат волонтери, вработени во Т-Мобиле и Македонски Телеком кои оваа година имаат мисија да посетат над 2000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат разни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.
Новогодишниот карван до крајот на годината ќе ги посети: СОС Детското село, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ПОУ „Златeн Сремeц“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје, Здружението за деца со аутизам  „Во мојот свет“, ПОУ „Свети Климент Охридски“ во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес,  Струмица, Охрид,  Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара,  Децата во интернат при Основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”  и децата од предучилишна возраст во Скопје и  Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух „Kочо Рацин” и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари и Автокоманда и Кисела Вода,  Здружението „Сумнал”, деца на самохрани родители членови на „Минус и Плус”, Домот за деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ „Христија Тодоровски Карпош” во Куманово, децата со посебни потреби во градинката, во ОУ „Лирија” и “Андреја Савески –Кикиш ” во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви „Партение Зографски”, децата во паралелки за деца со посебни потреби  во Кавадарци, детскиот оддел на болницата „Свети Еразмо” во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението „Ластовица” и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во СкопјеДенес во празнична и разиграна атмосфера со новогодишна претстава Дедо Мраз ги посети дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомвр

loading...
Loading...