Новости за сите пушачи:Наскоро, вакцина против пушењето

Loading...

Неодамна група руски истражувачи го презентираа најновиот изум кој на многумина ќе им помогне брзо, лесно и ефикасно да се откажат од пушењето.Имено, станува збор за вакцина против никотинска зависност која на рускиот пазар ќе се појави по околу 5 години.
Се очекува вакцината да направи вистински пресврт во медицинската борба против негативната навика која сериозно го нарушува здравјето на милиони луѓе во светот.
Според зборовите на истражувачите кои го реализираат овој изум препаратот кој ќе се внесува во крвта со вакцината стимулира производство на антитела кои го блокираат никотинот внесен во организмот. На тој начин по вакцинирањето се создава имунитет против никотинот.
Експертите тврдат дека по вакцинирањето пушачите нема да чувствуваат задоволство од испушената цигара, односно никотинот нема да влијае на мозокот, поточно на зоните кои се одговорни за чувството на задоволство. Се смета дека само една вакцина ќе биде доволна за комплетно одвикнување. Неодамна, едно друго истражување покажало дека повеќе од 5 % од болестите кај пациентите се последица на пушењето, а статистиките потврдуваат дека на годишно ниво во светот умираат не помалку од 4 милиони луѓе поради болестите предизвикани од никотинската зависност.
Дали ова е доволен мотив да престанете да пушите уште пред оваа фамозна вакцина да се појави на пазарот?
Х.Н.Имено, станува збор за вакцина против никотинска зависност која на рускиот пазар ќе се појави по околу 5 години.

loading...
Loading...