петок, 27 ноември 2026
Најново

Обама: Агентите на ЦИА не извршиле кривично дело во однос на мачењето затвореници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американското Министерството за правда спровело истрага за инцидентите што се случувале по нападите врз САД на 11 септември 2001 година и донело заклучок дека агентите на ЦИА не извршиле кривично дело во однос на мачењето затвореници.Американскиот претседател, Барак, Обама, се согласува со заклучокот на Министерството да не се процесуираат агентите кои се вмешани во инцидентите со техниките на испитување на затворениците, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
– Претседателот верува во американскиот правосуден систем и во начинот на кој овој систем реагираше во врска со оваа ситуација, за истрагата за методите на агентите на ЦИА – истакнал Ернест.
Комисијата за информативни прашања на американскиот Сенат објави т.н. извештај за измачувања од страна на ЦИА во кој детално се опишуваат техниките на испитување кои ги применувале агентите врз затвореници по нападите на САД во 2001 година.Американскиот претседател, Барак, Обама, се согласува со заклучокот на Министерството да не се процесуираат агентите кои се вмешани во инцидентите

Поврзани вести