Обама го предложи Ештон Картер за нов министер на одбрана!

Американскиот претседател Барак Обама за нов министер за одбрана го предложи Ештон Картер, соопштија светските агенции.Картер на оваа функција ќе го замени Чак Хејгл, кој неодамна поднесе оставка.
Се смета дека Хејгл беше принуден да се повлече заради разликите со екипата на Обама за прашањата на националната безбедност, забележа ДПА.
Соопштувајќи го денеска својот нов избор, Обама од Белата куќа изрази надеж дека Сенатот ќе ја одобри кандидатурата на 60-годишниот Картер, кој во 2011-2013 бил прв заменик на секретарот на Пентагон, а во последната година работел во истражувачкиот Центар за американски прогрес, пренесе ТАСС. 
Американскиот претседател денеска кажа дека Картер е еден од најистакнатите шефови во областа на националната безбедност, дека ја познава структурата на Пентагон како петте прста од својата рака, што значи дека во својот прв работен ден тој ќе почне со летечки старт, соопштија американските медиуми.
Чак Хејгл не присуствуваше на објавувањето на номинацијата на Картер, но Обама ја цитираше добрата оценка која Хејгл, пред една година, ја дал за Картер при неговото напуштање на заменичката позиција во Пентагон.Картер на оваа функција ќе го замени Чак Хејгл, кој неодамна поднесе оставка.
Се смета дека Хејгл беше принуден да се повлече зар

Пронајдете не на следниве мрежи: