Обичаите на ВЕЛИКИ ПЕТОК: Денот кога не се пее и не се радува

На овој ден Исус бил однесен од куќата на првосвештеникот Кајафа кај римскиот првобранител Понтиј Пилат, кој го осудил да биде распнат на крстот.

Христијаните ширум светот во петок го одбележуваат денот кога Исус бил распнат на крстот на Голгота.

На тој ден Исус бил однесен од куќата на првосвештеникот Кајафа кај римскиот првобранител Понтиј Пилат, кој го осудил да биде распнат на крстот. 

Гледајќи што прави народот и војниците со него, кажал: „Татко, прости им, не знаат што прават“.
Велики петок се смета за најтажниот ден на христијанството. 

На овој ден не се служи литургија освен ако се Благовести. На Велики петок се пости. Обичајот е на тој ден да се фарбаат јајца, најчесто со црвена боја која ја симболизира Христовата крв.

Од петок па се до недела не се пее, не се радува, се додека Исус не воскреснал. Во тој период не ѕвонат црквените ѕвона поради поради тоа што во православието означуваат радост.

Пронајдете не на следниве мрежи: