Тага, мака, неморал, болест на душата и телото, таа неверојатна појава која како зараза се дава во ударните термини на телевизиите. И иако сите велат „јас не го гледам тоа“, факт е дека „Големиот брат“ го гледаат повеќето луѓе и неговата гледаност расте, а и невозможно е да се избега од коментарите, текстовите и видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи.-Поради загриженоста дека е бремена, Стефани била пуштена да посети гинеколог. Ја прегледале и заклучиле дека постои опасност од несакана бременост. Стефани не сакала да ризикува и побарала „апче за ден потоа“, кое го добила. Ивона со рацете ѝ покажала како изгледа апчето и како дејствува, додека загрижената Стефани бледо ја гледала. Целата драма започнала со безизлен разговор помеѓу Стефани и Ервин во дворот од куќата. Разговарале за можна бременост, која Стефани не ја исклучила како опција, пишува „24сата.хр“.
-Ќе те убијам ако сум бремена. Ќе ти го оставам бебето пред врата, му зборувала Стефани на Ервин кој ѝ предложил да абортира, што таа одлучно го одбила. Му возвратила дека тоа никогаш не би го направила, иако и самата не е свесна дека веќе тргнала во тој правец.
Голем број луѓе не се свесни како „впивањето“ на ваквото однесување преку малите екрани може да влијае врз општеството, но и врз духот на секој поединец. Најзагрозени се децата и младите, за кои ова шоу е и примарно наменето. Промоцијата на абортусот како нешто најнормално, како и апчето за ден потоа, се нешто на кое никој не реагира, па со самото тоа е јасно зошто Европа се соочува со пад на наталитетот.
Дали Стефани абортирала во Големиот брат?
Според дефиницијата, апчето за ден потоа е наменето за итна контрацепција. Се користи по незаштитен сексуален однос за да се спречи несакана бременост. American College of Obstetricians and Gynecologists донесува нова дефиниција, која вели дека бременоста започнува дури во седмиот ден од зачнувањето, односно кога ембрионот се имплементира во матката. Експертите тврдат дека обидот за редефинирање на терминот „бременост“ е во корист на интересите на лобијата за абортус, кои со оваа дефиниција го негираат почетокот на животот кој почнува со зачнување, за да се заштитат од обвиненија за убиство со примената на вакви слични и широко распространети апчиња. Истите научници тврдат дека детето во утробата на мајката не е живо, па сосема е јасно до каде води ваквото размислување кое поттикнува убивање на неродени деца без грижа на совест.
Голем број научници тврдат дека оваа дефиниција дури не е научно поткрепена, а тоа го потврдија научниците од Louisville Obstetrical and Gynecological Society, кои јасно посочиле дека почетокот на бременоста е врзан за моментот на зачнувањето. Истражувањето е објавено во 1999 година, во списанието Maternal-Fetal Medicine. Исто така, самиот „татко“ на апчето за абортирање РУ 486, проф. Болиу, со изјавата дека „прекинот на бременоста по зачнувањето може да се смета за абортус“, потврдил дека апчето кои се зема по можното зачнување може да извршиу абортус, односно убиство на штотуку зачнатиот живот.
А сега, на тоа „убиство“ без поговор сведочеле стотици илјади гледачи од регионот.-Поради загриженоста дека е бремена, Стефани била пуштена да посети гинеколог. Ја прегледале и заклучиле дека постои опасност од несакана бременост



