Објавен романот „Соларис“ од најчитаниот автор на научна фантастика во светот

26 септември 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ве информира дека го објави романот „Соларис“ од најчитаниот автор на научна фантастика на сите времиња, Станислав Лем.Романот е едно од најпознатите научнофантастични дела во историјата на светската книжевност. Преводот на македонски е на Милица Миркуловска.На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив океан, доаѓа нов член на експедицијата. Веднаш по слетувањето, Крис Келвин го вознемируваат чудните однесувања на членовите од екипажот. Открива дека еден од нив, доктор Гибариан, извршил самоубиство, а во просториите на станицата се појавиле суштества што ги креирал „океанот“, односно материјализираните спомени за ликови или нешта од најдлабоко потиснатите делови од умовите на истражувачите. Во моментот кога Крис почнува да се истражува себеси, почнуваат компликациите…
Романот „Соларис“ има огромно влијание врз уметноста. Најпозната филмска адаптација е онаа на Андреј Тарковски од 1972 година, за која тој ја доби главната награда во Кан. Триесет години подоцна, оваа прекрасна приказна, која раскажува за залудните обиди за комуникација со животот на други планети во вселената, ја екранизира и Содерберг.
Објавувањето на „Соларис“ се поклопува со премиерата на претставата направена според овој роман во режија на Андриј Жолдак, која вечерва во 20 часот ќе биде одиграна во МНТ. Претставата летово веќе беше одиграна на „Виенер фествохен“ и трипати ја наполни салата на овој најголем светски театарски фестивал.
Книгата е објавена со поддршка на Полскиот институт за литература.
Станислав Лем (1921-2006) е најпреведуваниот полски писател, сатиричар, философ и футуролог, како и најпреведуваниот автор на научна фантастика од неанглиско говорно подрачје. Тој е меѓу најпознатите писатели и теоретичари на научната фантастика. Добитник е на многу престижни награди и одличија, а бил и почесен доктор на повеќе универзитети во Полска и во светот. Неговите книги се продадени во над 45 милиони примероци.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!На една истражувачката станица што се наоѓа на планетата Соларис, целата прекриена со огромен жив

Пронајдете не на следниве мрежи: