сабота, 28 ноември 2026
Најново

Објавите на социјалните мрежи на Селена Гомез вредни 550 000 долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката се искачи на тронот како највлијателна личност на социјалните мрежи.Селена Гомез не е само најследена личност на Инстаграм. Со речиси три милиони лајкови, кликања и споделувања на секој пост, таа е највлијателната личност на Инстаграм, Фејсбук и Твитер.
Ова е важно за секоја ѕвезда со аспирации да заработи максимално: кога станува збор за социјалните мрежи, влијанието се претвора во приход.
Пејачката и поранешна ѕвезда на Дизни има вкупно 181 милион фанови на трите социјални мрежи, а речиси 50% од нив се на Инстаграм. Влијателниот економски весник Forbes ја смести во листата на 30 ѕвезди кои се најуспешни претприемачи а имаат под 30 години. Нејзините профили на социјалните мрежи и помогнаа да стане бренд и да ги задржи лојалните фанови.
Способноста на Гомез да заработи се смета за огромна заради нејзината подеднакво голема посветеност.
Френк Спадафора, главен извршен директор на агенцијата за анализи на најновите трендови и кастинг на таленти D’Marie Group, изјави дека еден пост на Гомез на сите три социјални мрежи вреди околу 550 000 долари.
Агенцијата на Спадафора ги анализира и рангира профилите на социјалните мрежи на модели, брендови и блогери, а целна група се фирмите што сакаат да се рекламираат на нивните социјални мрежи. Страниците се мерат и вреднуваат преку фактори како посетите и интеракцијата на фановите со тие страници.
Според него, успехот на Гомез се должи на неприфаќањето на спонзорства од било какви области, и нејзиниот избор: на страниците да се рекламираат само релевантни производи што се во согласност со брендот што таа цели да го создаде.

Which one would you share with your dad? #HappyFathersDay #ShareACoke pic.twitter.com/12tOeURTft
— Selena Gomez (@selenagomez) June 19, 2016

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Спадафора изјавува: „Мислам дека Селена одлично ги селектира брендовите со кои работи: договорите со внимателно избрани брендови е одличен потег за неа и нејзиниот тим. Публиката на социјалните мрежи начелно е свесна дека дел од содржината што ја гледа на социјалните мрежи е реклама на одредени фирми.
Кога ѕвездата и оној кој таа го рекламира не се усогласени, доаѓа до негативни реакции на социјалните мрежи. Се чини дека Селена е свесна за ова и внимава со кого склучува договор.“
За споредба, една објава на профилите на ѕвездите Кендал Џенер и Кара Делевињ е проценет на меѓу 125 000 и 300 000 долари.

Колку Гомез ќе биде платена, целосно зависи од сумата за која ќе се договорат нејзините агенти и брендот што сака да се рекламира кај неа. Оваа цена постојано ќе флуктуира во зависност од тоа колку често фановите ги читаат, лајкуваат и споделуваат нејзините објави.Селена Гомез не е само најследена личност на Инстаграм. Со речиси три милиони лајкови, кликања и споделувања на секој пост, таа е највлијателната л

Поврзани вести