Обликот на телото покажува колку сте паметни

Обликот на женското тело има големо влијание на памтењето кај жените, тврдат американските научници. Истражувањето потврдило дека жените кои имаат тело во облик на јаболко имаат подобро памтење, отколку оние кои имаат тело во форма на круша.На жените кои имаат тело во облик на јаболко маснотиите се наталожуваат околу половината, додека на жените со тело во облик на круша салото се наталожува на бутовите. Масните наслаги на стомакот го зголемуваат ризикот од рак, дијабетес и срцеви болести. Токму тие масни клетки го штитат мозокот, тврдат научниците во истражувањето.
До вакво сознание дошле научниците од универзитетот „Нортвестерн“ кои истакнуваат дека салото лачи повеќе естроген, хормон за кој се верува дека го штити мозокот. Инаку, нивото на естрогенот опаѓа после менопаузата.
Во истражувањето учествувале 9.000 жени на возраст од 65 до 79 години. Тие го работеле тестот на памтење врз основа на која се проценува функцијата на нивниот мозок. Исто така, бил мерен индексот на нивната телесна маса, кој покажал дека повеќе од две третини испитаници биле предебели.

Студијата покажала дека жените со крушкаст облик на телото (помала половина, поголеми бутови) бележат полоши резултати на тестовите за памтење.
Врз основа на тоа научниците заклучиле дека постои поврзаност помеѓу памтењето и делот на телото на кое маснотите се наталожуваат. Инаку, научниците уште порано предупредиле дека различните видови на маснотии лачат различни хормони кои имаат поинакво влијание на здравјето.
– Мораме да истражиме дали еден вид на маснотија е поштетна од некоја друга и како тоа делува на функцијата на мозокот. Масното ткиво може да придонесе на создавање наслаги поврзани со Алцхајмеровата болест или со прекинувањето на дотокот на крвта во мозокот – вели Диана Кервин, водителка на студијата.
Научниците напоменуваат дека памтењето се вложува во староста, особено ако лицето е дебело, и истакнуваат дека е неопходно да се води грижа за тежината, со оглед на тоа дека дебелите луѓе се повеќе подложни на заболување од рак, срцеви болести и од дијабетес.
think.mkНа жените кои имаат тело во облик на јаболко маснотиите се наталожуваат околу половината, додека на жените со тело во облик на круша салото се ната

Пронајдете не на следниве мрежи: