Очаен дефокус од СДСМ за патувањето на Малта

Во недостиг на квалитетни идеи и суштинска желба за дебата, СДСМ се обидува да го сврти вниманието на јавноста од прифаќањето на скандалозната тиранска платформа со која се редефинира државата, па манипулира со патувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Една од манипулациите е скандализирањето зошто Звонко Муцунски, македонскиот амбасадор во Турција, бил присутен на прелетот на Груевски до Малта преку Истанбул.
Но, фактите покажуваат сосема друго. Дипломатите кажуваат дека се работи за стандардна и вообичаена процедура.
Амбасадор може да пречекува било кој значаен политичар- може да е и од власта и од опозицијата. И без разлика дали е на позиција во моментот.  Може да е и поранесен претседател или премиер.
Амбасадор ја преставува државата, не власта или опозицијата. Дел од државата се и власта и опозицијата. Тоа е и пракса во сите други држави.
На пример, поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ при неодамнешната посета на Скопје беше придружуван од хрватскиот амбасадор и се возеше со службениот автомобил во кој доживеа и помала сообраќајна несреќа. Користењето на ресурсите е случај и со другите држави во светот.Една од манипулациите е скандализирањето зошто Звонко Муцунски, македонскиот амбасадор во Турција, бил присутен на прелетот на Груевски до Малта пр

Пронајдете не на следниве мрежи: