Од целиот регион, „Тиквеш“ со најмногу освоени медали за своите врвни вина

Во рамки на пролетниот дел од најголемиот вински натпревар во Германија – „Мундус Вини“, сите пет пријавени вина од винарската визба „Тиквеш“ освоија медали, и се закитија со 3 златни и 2 сребрени медали.Оваа година, златни медали на овој престижен светски вински натпревар освоија црвените вина: „Вранец Спешл Селекшн“ и „Барово“ од бербата во 2015-та, како и „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2014-та. Доделени се и два сребрени медали за црвеното „Каберне франк Спешл Селекшн“ и белото „Домен Лепово Шардоне“, и двете од бербата во 2016-та година.
Од поширокиот регион, покрај петте медали за вината на „Тиквеш“, на овој натпревар наградени се уште дополнителни четири вина од Македонија, исто толку со потекло од Хрватска, како и две вина од Србија.
„Среќни сме и горди на овој најнов успех на нашите врвни вина. Бројот и квалитетот на добиените медали, како и фактот што тие се освоени во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, јасно покажува дека сме на регионална водечка позиција и уште еднаш ја потврдува нашата репутација како најрепрезентативен производител на автентични врвни вина од целиот регион“, истакна во оваа прилика генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.   
Винарската визба „Тиквеш“ секоја година освојува и по повеќе од 50 признанија, високи оценки од светски познати критичари и медали на најпознатите светски вински натпревари со што го потврдува епитетот најнаградувана винарница од земјава, но и од целиот регион на Југоисточна Европа.Оваа година, златни медали на овој престижен светски вински натпревар освоија црвените вина: „Вранец Спешл Селекшн“ и „

Пронајдете не на следниве мрежи: