Од денес Италија заседава со Европската Унија

Италија од денес го превзема заседавањето со Европската унија.Италија  во текот на заседавањето ќе се сконцентрира на растот на вработувањето, обновувањето на довербата на граѓаните во европската институција, енергетската соработка и миграциите.
За Италија ова ќе биде дванаесето заседавање со ЕУ од основањето на заедницата со договорот од Рим во 1957 година.
Италијанската влада ќе претстави програма во среда на свечената, прва седница од Европскиот парламент по изборот во мај.
Приоритети за Италија ќе бидат економскиот раст и вработувањето, остварување на правата на граѓаните. Енергетиката и трговијата.
Исто така приоритет ќе и биде и имиграцијата, по чиј притисок е изложена земјата особено од правец од Северна Африка, како и формирање заедничка политика за алзил на ниво на ЕУ.
Шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини, во почетокот на јуни потврди Италија ќе работи на прашањето за проширување.
Членките на ЕУ сеуште не се договориле за тоа кој ќе биде следниот зпретседател на Европскиот совет, шеф на Еврогрупата која ги собира министрите за финансии во евро зоната, а кој висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Со заседавањето на Италија ќе почне нов циклус заседавања на три членки во период од 18 месеци кои ќе спроведуваат заедничка програма. Од Италија заседавањето ќе го превземе Луксембург а потоа Летонија.Италија  во текот на заседавањето ќе се сконцентрира на растот на вработувањето, обновувањето на довербата на граѓаните во европската институц

Пронајдете не на следниве мрежи: