Од просечна студентска соба до неверојатна луксузна “гајба“

Секој различно гледа на периодот кој ќе го помине на факултет и тоа е различно искуство за секого. Меѓутоа, не е на одмет секој студент да направи се што е во негова моќ за себе во студентскиот дом да си направи оаза далеку од својот дом.Две студентки од САД одлучија на својата соба да и дадат различен изглед и просторот да го претворат во луксузна соба.
Скајлер Банц и Адели Вела се запознале онлајн уште пред студирањето на дражавниот универзитет во Тексас.

Одлучиле заедно да се преселат и да го преуредат својот смештај во студентски дом во Тексас.
Според она што го пишува Дејли Мејл, тие потрошиле околу 2.000 евра за сосем да ја преуредат својата соба.

Со помош на пријатели и роднини тие донеле нови кревети, бели плакарчиња, мини фридер, столчиња и телевизор.
Својата студентска соба ја украсиле со нови тапети. Шест пријатели им помогнале околу преуредувањето, но резултатот е навистина одличен.
Две студентки од САД одлучија на својата соба да и дадат различен изглед и просторот да го претворат во луксузна соба.
Скајлер Банц и Адели

Пронајдете не на следниве мрежи: