Од „Тодор Александров“ реагираат: Заев не беше исвиркан само од нас, туку од целиот македонски народ!

За време на прославата на големиот Македонски празник „Илинден“, лидерот на опозицијата доживеа непријатно искуство при посетата на Мечкин Камен во Крушево, кога беше исвиркан од страна на пристутните граѓани кои го празнуваа големиот Македонски празник.Во обидот за спин на фијаското од страна на СДСМ, тие го нападнаа Македонското Патриотско Здружение (МПЗ) „Тодор Александров“ како организатори и поттикнувачи на исвиркувањето, што според здружението е тотално неточно.

МПЗ Тодор Александров овие неколку дена беше на удар и напади од страна на неколку портали на СОРОС-СДСМ,дека членови на нашето здружение го исвиркале Зоран Заев и неговата делегација на Мечкин Камен.Прво сакме да потенцираме дека Зоран Зеав не беше исвиркан само од членови на МПЗ Тодор Александров туку од целиот македонски народ кој присуствуваше на Мечкин Камен.

Исвиркувањето беше реакција на чесните и горди Македонци пристуни на Мечкин Камен против оние кои веќе една година ги сквернават,оштетуваат и исмејуваат спомениците на македонските револуционери кои своите животи ги положија за слободата на Македонија и македонскиот народ.Челниците на СДСМ и СОРОС-Шарена револуција ги уништуваат сквернават спомен обележјата на македонските херои,а нивни високи функционери најавуват рушење на македонските споменици.
МПЗ Тодор Александров е здружение на граѓани кое се залага за заштита на македонските национални историски културни вредности и чествување на сите македонски патриоти кои се бореа за слобода и независност на Македонија.Сквернавењето на македонските споменици е тоа што најповеќе не изиритира и изреволтира како Македонци кои се гордеат со своите херои од минатото.И секој друг политичар,функционер,од било која политичка партија кој ќе потикнува сквернавење на македонски споменици на македонските херои кои ни ги славиме и им се поклонуваме ќе биде исвиркан. Вандалите на СДСМ и СОРОС ги осквернавија и оштетија,обележјата на првото заседание на АСНОМ,обележјето на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија,обележјето на 8 септември денот кога Македонија стана Независна држава,со овај чин тие ја осквернавија и борбата,страдањето,илјадниците македонски жртви,плачот на македонските мајќи за своите синови кои ги положија своите животи за македонската кауза,со овај чин овие антимакедонски елементи го понижија македонскиот народ,Го осквернавија споменикот на легендарниот војвода Васил Чакаларов,Карев го осквервавија споменикот на Александар Македонски,Филип Втори и многу други спомен обележја на макеоднски херои.
МПЗ Тодор Александров не е никаква режимско, радикално или било какво здружение како што го опишуваат платениците на Шарените туку здружение на граѓани кое организира чествувања,панихиди,трибини за македонските реовлуционери дејци и личности од македонската историја кои се бореа за слободата на македонскиот народ.
МПЗ Тодор Александров три години е дел од “Илинденскиот марш” и учествува во сите маршови и чествувања заедно со илинденските коњаници.Граѓаните на Крушево со овации и аплауз го дочекаа нашето здружение заедно со коњаниците и МПЗ Тодор Александров положи цвеќаиња на горбовите на Питу Гули,Макеодниумот и сите дејци од Илинденскотo востание.МПЗ Тодор Алекснадров органзиариа чествувања за Гоце Делчев,Карев,Груев,Чакалров и многу други знајни и незнајни македонски херои.Им порачуваме на сите оние кои плукаат по ликот и делото на Тодор Александров да прочитаат за него сега има достапни литератури,Александров како водач на ВМРО го обедини разединетото македонско револуционрно движење и лево и десно во еден македонски фронт со Мајскиот манифест тој склучи соработка и со СССР,сето тоа негово залагање за сполотување на македонскиот народ го плати со својот живот.За на крај МПЗ Тодор Александров на сите горди Македонци и сите граѓани на Р.Макеоднија им го честита најголемиот национален празник на македонскиот народ 2 август Илинден,И оваа година учествувавме во маршовите заедно со илинденските коњаници во чест на хероите од Илинденското востание и имавме тридневно логорување на Мечкин Камен во чест на сите макеоднски патритоти кои се бореа и загинаа за време на Илинденското востание. МПЗ Тодор Александров се залага за македонско национално помирување помеѓу сите Македонци без разлика на нивната политичка и верска припадност,но сите вистински да ги почитуваме и да ги славиме македонските херои од минатото.
Македонија вечна !!!! Гордо Македонци !!!!!!!!!!!!- стои во реакцијата на МПЗ Тодор АлександровВо обидот за спин на фијаското од страна на СДСМ, тие го нападнаа Македонското Патриотско Здружение (МПЗ) „Тодор Александров“ како орга

Пронајдете не на следниве мрежи: