Одбележување на Европскиот ден на јазиците

Мрежата  на културни институции ЕУНИК-Скопје, чии членови се Францускиот институт во Скопје, Британскиот совет и Институтот Данте Алигиери, извести дека в понеделник, 26 септември 2016, во 10 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (Сала за седници), ќе биде одбележан Европскиот ден на јазиците.Настанот ќе го отворат г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Претседател на ЕУНИК-Скопје, проф. Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, и Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Предвидени се и предавања на експерти во областа на лингвистиката од Британскиот Совет, Универзитетската агенција на Франкофонијата и Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција, претставување на отворени обрзаовни ресурси за учење на бесплатно учење на странски јазици, претставување и доделување на наградата Вавилон за млади преведувачи и и интерактивен дел со повеќејазично учество на студентите.
Настанот е организиран од мрежата EUNIC-Skopje, дел од мрежата на национални културни институти кои имаат за цел преку своите активности да дадат придонес во културната разновидност во и надвор од Европската унија, како и да го зацврстат културниот дијалог и размени.Настанот ќе го отворат г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Претседател на ЕУНИК-Скопје, проф. Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конес

Пронајдете не на следниве мрежи: