Одлуката ДУИ да коалицира со СДСМ најдобар доказ дека платформата од Тирана е реалност

Вчерашната одлука на ДУИ да коалицира со СДСМ во нова влада е најдобар доказ дека албанската платформа која беше подготвена во Тирана од албанскиот премиер, Еди Рама е реалност. Оваа платформа е најголема закана за губење на Македонија.Исполнувањето на платформата во која се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето, државниот грб, употреба на албанскиот јазик на парите, како и воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик  е само првиот чекор од разнебитувањето на Македонија.
Доколку албанските партии успеат да ја протнат оваа платформа наметната од надвор, тоа би бил првиот чекор пред федерализација и кантонизација на Македонија. Во таков случај, Македонија нема да биде оваа во која живееме и за која гласавме на референдумот во 1991 година.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи синоќа по Централното Претседателство на партијата соопшти дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ во нова влада, но и дека ДУИ уште еднаш ја потврдува својата заложба за целосно исполнување на сите точки од платформата.
Според Османи, одлуката на ДУИ да коалицира со СДСМ е со цел да испочитува волјата на граѓаните Албанци и да се реализира платформата која што беше ветена пред граѓаните.
Иако ДУИ тврди дека платформата е направена во Скопје, и оти не е наметната од надвор, Движењето БЕСА во писмото до албанскиот премиер Еди Рама пишува дека тој договор не е напишан од страна на ДУИ.
Оттаму велат се било почнато од страна на Владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција нема да прифати веќе да седне и да разговара со ДУИ, но дека може да направи исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од Рама.
 Исполнувањето на платформата во која се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето, државниот грб

Пронајдете не на следниве мрежи: