Одмор кој се претворил во хорор: Отишол на море во Будва, пронашол сместување, а потоа следел вистински ужас!

Анонимен човек, ја споделил на интернет својата приказна од летувањето во Црна Гора.Ова е објавата во целост:
„Во август, стигнавме на летување во Будва, секако семејно.
И секако, како и секој кој доаѓа, а нема веќе резервирано сместување, имаше фрка и трка, барање сместување, распрашување насекаде и секако сместување нема.
Мислам има, но далеку од плажа, а со деца, секако е потешко, но ајде да преминам на главното…
Во барањето на сместување, ни помогна таткото на мојот пријател, кој веќе бил тука, пред нас стигнал 5 дена, и секако не најдовме. Тргнавме во друго место од Црна Гора, меѓутоа се предомисливме и се вративме во Будва, каде повторно го сретнавме човекот, кој успеал да најде сместување. Местото беше близу плажата, опремено максимално, со телевизор, 2 тоалети, балкон, дневна соба…
И да напоменам, цената беше 100 евра за нашите две семејства.

 
Зградата имаше безбедносни камери, сигурносна врата. До сместувањето не однесе локален дилер, секако и алкохоличар и коцкар, но тоа подоцна го забележавме.
Секако станот и цената не привлече. Решивме да останеме. Се распакуваме се средивме и отидовме на плажа. Но, попладнето, имавме мали проблеми со децата (веројатно топлотен удар), на плажата се задржавме два часа. Решивме да се вратиме во апартманот и што да видиме… Беше обиен и демолиран.
Ништо немаше, ниту пари, ниту пасоши, ниту куфери…
Пријавивме во полиција, каде ни рекоа дека станува збор за локален измамник, кој во повеќе наврати го правел тоа, а сега бил на условна казна…“Ова е објавата во целост:
„Во август, стигнавме на летување во Будва, секако семејно.
И секако, како и секој кој доаѓа, а нем

Пронајдете не на следниве мрежи: