Одредени политички структури внатре во СДСМ се влезени во агендата за промена на дефиниција на бракот

Loading...

Во емисијата “Отворено студио” на ТВ Нова гостуваше Владимир Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Мирјана Јовановска како долгогодишен психолог. Тема на разговорот беше “Геј бракови во традиционалното општество”
–Ако веќе зборуваме за партиските приоди, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен, од друга страна , ставот на СДСМ се менува и гледаме дека се менува. Едно се зборува кога се зборува со невладините организации, друго во ТВ настапите а трето се ветува позади сцената. Во тој дел ВМРО-ДПМНЕ има порака која што е базирана на конгресна доктрина каде што вели дека Брак е заедница помеѓу еден маж и една жена. Одредени политички структури внатре во СДСМ или пак некои невладини организации кои што се блиску до нив се влезени во агендата на промена на дефиниција на бракот и промена на политиката на посвојување на оваа држава ваква какава што е сега во моментот актуелна. Таа операција е отпочната. Некогаш некои изјави коинцидираат и со некои кампањи што се спроведуваат. Понекогаш се праќа пораката на граѓаните на Македонија дека не е сега дојдено времето, треба да се подготват условите. Понатаму имавме изјави од премиерот Заев дека е запрашан за ова околу пред две недели и тој рече зошто да не ќе отвориме дебата за истополови бракови, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека во делот на СДСМ се праќаат помешани пораки.

–Јас бев гостин минатата недела на една дебата со една пратеничка од Сдсм која што рече отворено дека таа лично е за хомосексуални браков и исто и за посвојување на деца. Тоа е нејзин личен став, нејзино лично убедување. ВМРО-ДПМНЕ од друга страна е на потрадиционални позиции но како што реков се гледа веќе дистинкција на политичките ставови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Сдсм. Истовремено сведоци сме и на друга агенда а тоа е релативизација на бракот. За жал и од одредени активисти на шарената револуција и од одредени невладини организации и автори што нивно право е и нивен личен став што бракот се прогласува за нешто заостанато, луѓето кои се привржани кон бракот, тоа е нешто надминато со што ќе исчезне или пак се омаловажуваат многудетните семејства нели семејства кои што имаат две, три ,четири деца одеднаш се нешто што нетреба да биде и тн, рече Ѓорчев.

За тоа колку направи ВМРО-ДПМНЕ за бракот и семејството, Ѓорчев истакна:

–Македонија изминативе десет години направи добри чекори. На пример Македонија е единствена земја од Јужна Европа во која што од периодот од 2005 до 2015 година имала раст на бројот на родените. Првенствено имаме раст во бројот на трето родени деца што е многу добро. Исто така предходната влада овозможи бесплатни учебници, за децата бесплатен превоз,надомес за трето дете, пензија за четврто дете, значи некоја помош што не ги решава сите проблеми но е помош и поддршка која што предходно пред 10 или 15 години ја немало.Мислам дека тоа се добри и позитивни моменти и се надевам и посакувам новата влада да и да ги продолжи овие политики и ако може уште повеќе да ги унапреди.
 

–Ако веќе зборуваме за партиските приоди, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен, од друга страна , ставот на СДСМ се менува и гле

loading...