Одржана првата полуфинална вечер на Евровизија 2014

10 земји од вкупно 16 кои се натпреваруваа сношти си обезбедија влез во големото финале кое ќе се одржи на 10ти Мај.Сношти се одржа првата полуфинална вечер од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Копенхаген, Данска. 16 држави се натпреваруваа за влез во големото финале во Сабота каде се наоѓаат веќе квалификуваните Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и домаќинот Данска. Второто полуфинале ќе се одржи во Четврток, на 8ми Мај, каде настапува и нашата претставничка, Тијана Дапчевиќ.
Десетте земји кои обезбедија пласман во големото финале се: Црна Гора, Унгарија, Русија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Украина, Шведска, Холандија и Исланд. Во финалето не успеаа да се пласираат Летонија, Естонија, Албанија, Белгија, Молдавија и Португалија.

 
Ова беше историска вечер за Црна Гора и Сан Марино, бидејќи за прв пат успеаа да се пласираат во финалето. Од друга страна пак, Русија, Украина и Азербејџан докажаа дека се вистински конкуренти, бидејќи откако е воведен системот со полуфинале, секогаш се пласирале во финалето без исклучок.
Првото евровизиско полуфинале помина во најдобар ред, без посериозни проблеми. Најзабележителни моменти беа виртуелниот хор кој заедно со минатогодишната победничка Емели Де Форест ја отвори вечерта, потоа следеше неверојатната кореографија на естонката Тања, негодувањето на публиката кога Руските претставнички кога се пласираа во финалето, но најзабележителна беше големата тетоважа во облик на двоглав орел на грбот на Херси матмуја, претставничката на Албанија.
Сношти се одржа првата полуфинална вечер од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Копенхаген, Данска. 16 држави се натпрев

Пронајдете не на следниве мрежи: