OECD: Подобрени изгледите за глобалната економија

Економските изгледи во најголемите индустриски земји на светото се подобруваат, предводници на таквиот тренд се САД и Јапонија, а зајакнуваат и активностите во еврозоната, објави во понеделникот Организација за економската соработка и развој (OECD).Сеопфатниот индекс на OECD, кој опфаќа 33 држави членки, зголемен е во јануари на 100,4 поени, од 100,3 поени во декември. Ова упатува дека индексот дополнително зајакна над просекот од 100 и упатува на јакнење на економскиот раст.Најизразено подобрување бележат САД, чиј индекс во јануари изнесува 100,9 поени, идентично како и претходниот месец. Во Јапонија соодветниот индекс порасна на 100,6 поени, од 100,4 поени во претходниот месец.Знаци на подобрување дава и со рецесија погодената еврозона, чиј индекс порасна на 99,7 поени, од 99,6 поени, предводена од Германија.Охрабрувачки веси OECD донесува и за Франција и Италија, сигнализирајќи дека „повеќе нема да има натамошно слабеење“. Индексот за Италија порасна од 99,2 на 99,3 поени, а за Франција од 99,4 на 99,5 поени.
МакфаксЕкономските изгледи во најголемите индустриски земји на светото се подобруваат, предводници на таквиот тренд се

Пронајдете не на следниве мрежи: