Официјална Москва предупредува: Мешањето на Западот во внатрешните работи на Македонија добива екстремна форма

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека мешањето на Западот во внатрешните работи на Македонија добива екстремна форма.– На изборите на 11 декември владејачката партија доби мнозинство од гласовите, а опозицијата и покрај сите манипулации и нескриената поддршка од ЕУ и САД, доживеа пораз. Еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други претставници на т.н. „просветлена Европа“, продолжуваат бесрасмно да вршат невиден притисок врз претседателот Ѓорге Иванов, настојувајќи да и даде премиерски мандат на опозицијата, која ја прифати ултимативаната „Албанска платформа“, стои во соопштението на руското МНР.
Според официјална Москва, важно е да се сфати дека мерките формулирани во Тирана подразбираат федерализација на Македонија, прераспределба на власта и на државните симболи и фактички водат до подривање на уставниот поредок со крајна цел дезинтеграција на државата.
– Кон таквото поведение на европретставиниците се приклучи и претседателот на самопрогласената држава Косово, Хашим Тачи, кој недвосмислено ги повика македонските Албанци „да ги преземат работите во свои раце“ што води кон создавање „Голема Албанија“ која претендира на делови од неколку балкански земји вклучувајќи ја и Македонија. Ова е уште еден доказ дека вештачки создадениот косовски субјект е еден од главните извори на нестабилност и главен носител на конфликтен потенцијал на Балканот. Македонците треба сами без мешање од надвор да решаваат за својата судбина, порачуваат од МНР на Руската Федерација.– На изборите на 11 декември владејачката партија доби мнозинство од гласовите, а опозицијата и покрај сите манипулации и нескриената поддршк

Пронајдете не на следниве мрежи: