Официјално започна новогодишниот базар „Подари среќа“

„Подари среќа“ уште првиот ден донесе радост и воодушевување за илјадници граѓани.Сабота, 24.12.2016, се отвори портата на Новогодишниот базар „Подари среќа“ на улица Македонија. Во утринските часови стотици граѓани уживаа во новогодишната парада со Дедо Мраз и Снежната кралица. Нивниот настап ќе продолжи во текот на целиот базар кој ќе трае до 31 ви декември. Детската програма ќе биде надополнета и со настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведби на претставата на Брашко, дружби со Петко и со магичното шоу на Иван.
„Во ова магично катче на улица Македонија веќе се чувствува енергијата и топлата атмосфера која ја носат празниците. Овие 8 дена целиме кон зацврстување на новогодишниот дух. Со името „Подари среќа“ сакаме да го истакнеме мотото на новогодишниот базар, дека сите треба да си подариме среќа и радост со најблиските и пријателите. Базарот ќе продолжи со исто темпо и во наредните денови кога најмалите ќе продолжат да се забавуваат во детското катче и останатите ќе се загреваат со одлична музика во попладневните часови.“ истакна Вера Бошковска, директор на Конгресен центар „Александар Македонски“.
Таа додаде дека ги покануваат сите граѓани да подарат среќа и на децата од СОС Детското село кои продаваат хуманитарни честитки на базарот и од кои средствата се донираат за подобар живот на децата без родители.

Првиот ден во попладневните часови after – work програмата ја отворија Back Door Band и Sarah Mace. Стотици граѓани ја слушаа нивната музика, се стоплија со греено вино и топла храна и уживаа во празничната атмосфера. Следните денови попладневната програма ќе ја исполнат ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi, Dj Синиша и Dj Mats.
Посетителите на базарот ќе можат да купуваат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи со кои ќе ја споделуваат својата среќа.
Денес, недела, во 12.00 часот започнува и традиционалната Дедомразовска трка во организација на Прв до врв кога стотици Дедомразовци ќе се натпреваруваат на патека долга 2 километри.
Новогодишниот базар „Подари среќа“ е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“.Сабота, 24.12.2016, се отвори портата на Новогодишниот базар „Подари среќа“ на улица Македонија. Во утринските часови стотици граѓани у

Пронајдете не на следниве мрежи: