Охридска гордост

Скапоцена убавина, Европски ерузалем, рај на земјата и незнам како друго е наречен нашиот Охрид.Скапоцена убавина, Европски ерузалем, рај на земјата и незнам како друго е наречен нашиот Охрид.
Посакан од цел свет, испљукан од внатрешноста… Езеро си е езеро, не е море, само се чудам, каде во светов имат уште едно вакво Езеро како нашето? Ете да погледниме во Европа, имат неколку езера, ама ниедно не е имат убајната на Охридското езеро. Балатонското езеро во Унгарија е мочуриште, Женевското езеро се ближит до нашето, ама сепак е многу далеку… Имат убав изглед ама немат ништо културно..немат ништо магично то што Охридското езеро го имат.. Бистра чиста вода, сред езеро да ојш слободно мојш да пиеш од водана, чак почиста е од она од чешма… Сето ѓубре што преку цело лето се фрлат в`натре, на есен со секој бран се враќат назад на брегот, самите сме криви. Езерово дават живот, езерово земат живот, без езерово Охриѓанецот немаше да бидит Охриѓанец…езерово не напрај то што сме сега.
365 цркви во Охридскиот регион, разни светци живеле во Охрид и господовата сила секаде се чуствуват, а најпоќе кога си сам, кога се молиш до бога.. Секој Охриѓанец си имат свое место во Охрид, каде што си најдвит мир и спокојство. Од Свети Наум до Охрид немат ниедно грдо место, ниедно место кој би сакал да го сменам. Среќен сум што сум се родил тука на најубавото место во светот… Дали имало гости или немало ич не ми е гајле, јас секој ден уживам на ова парче земја, кој бил во Охрид ќе знајт, кој не бил пропуштил нешто а кој барат исто место како Охрид по светов немат никогаш да најт…
А што мислет другите во Македонија за Охрид и Охриѓани воопшто не ме интересират, јас цел живот со крената глава и гордо ќе се нарекувам Охриѓанец!
Извор. ohrigani.mkСкапоцена убавина, Европски ерузалем, рај на земјата и незнам како друго е наречен нашиот Охрид.
Посакан од цел свет, испљукан од внатрешно

Пронајдете не на следниве мрежи: