Охриѓани напаѓаат: Скопјани треба да учат од нас!

Охриѓани со нова објава- Скопјани треба да учат од нас!Прочитајте што Охриѓани напишаа за  Скопје:
„Бев во Скопје овај викенд… Што барав? Незнам ни самиот, ама ете бев. Бев да ги видам пак спомениците (нови), бев во ситимол, рамстор, гтц и кај не друго..
Убаво средено градче не велам не и убави продавници, ама требет да учет Скопјаниве што е гостопримливост, а за цените ич да не прам муабет – ИЗГОР.
Ете нека учет од нас Охриѓани и за едното и за другото… Ние со 150 евра месечно во Охрид пак знајме да уживаме во животот, да ојме накафе, да ојме на пица и да пречекаме гости. Да бидеме позитивни за надворешниот свет иако в`натре во душата си имаме 350 маки.Холаѓаниве насмеани идат во Охрид а уште појќе насмеани си одет назад, без да ги издрогираме..
Скопје све е намуртено, дури градот е намуртем. Сите со скрстени веѓи шетаат низ градот, негативната атмосфера дишит по улиците..Поарно градот да го крстеле СкопНЕ наместо Скопје..
Едно пивце 90 денари, паркинг 50 денари на сат, сендвиче од 100 денари нагоре и после Охрид е скап? Ај во Охрид имат убајна, имат езеро, имат култура, имат историја барем знајш з`ш плаќаш во просек 10-20 денари поскапо од н.п Кичево или Ресен.
Ам СкопНе з`ш плаќам толку скапо? Дека бил главен град?!Ама то е, пуста желба да личит на Европски/Светски метропол и во цени, во изглед и во култура.. па дури и по народот се познават.
А СкопНЕските возачи се полоши и од Француските во Парис, ете и то да си знајте…
За ваше добро ви велиме, ако сакате добра реклама да се прајт и за вас низ светот, з`ш ете секоја реклама за Македонија во светот е автоматски реклама за Охрид, СкопНе нигде не е спомнат..
Што било, било, кога се вратив во Охридчево мое златно ми се чинеше да си е бацам земјата…си живам во рајот..“
Извор: ohrigani.mk
 
 Прочитајте што Охриѓани напишаа за  Скопје:
„Бев во Скопје овај викенд… Што барав? Незнам ни самиот, ама ете бев. Б

Пронајдете не на следниве мрежи: