Околу 1.100 млекопроизводители побарале субвенции

Околу 1.100 млекопроизводители од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.
– Повеќе се аплицира за кравјо отколку за овчо млеко, за козјо млеко се уште нема никој, изјави Бранкица Димковиќ, П.Е. МЗШВ, Куманово.
Млекопроизводителите се задоволни од поддршката што ја добиваат од државата за дејноста што ја извршуваат.
– За субвенции аплицирам 10 години, навремено ги земаме средствата, изјави млекопроизводител од  с.Младо Нагоричане, кумановско.
Последниве години  вообичаено бројката на апликациите за субвенции за млеко во трите кумановски општини  се движеше  до 1.300. Намалениот број на апликации за субвенции за млеко е резултат на продажбата на добитокот од страна на земјоделците.Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водо

Пронајдете не на следниве мрежи: