Околу 20 милиони муслимани протестираа против ИСИС, а западните медиуми го игнорираа тоа!

Скоро 20 милиони шиитски муслимани учествуваа во еден од најголемите протести за мир организирани досега, но мејнстрим медиумите го игнорираа тоа.Во една од најголемите организирани демонстрации во историјата на светот, десетина милиони муслимани учествувале во отворениот протест против ИСИС, ризикувајќи ги сопственте животи, патувајќи низ погодените воени подрачја и отворено пркосејќи на ИСИС.
Овој масовен настан кој несомнено би помогнал да се ублажи затегнатоста на односите со Западот, готово целосно е занемарен од страна на корпоративните медиуми.
Жени, мажи, постари лица и деца тргнаа кон градот Карбала во неделата и понеделникот на светиот ден Арбаин. Арбаин е настан кој означува крај на 40-дневното тагување по периодот на Ашур, верски обред кој ја одбележува смртта на внукот на пророкот Мухамед – Имамот Хусеин во 680 година.
Според „Индепендент“, масовниот собир му оддаде почест на светилиштето на Имамот Хусеин и неговиот полубрат Абас во Карбала, кои се убиени во востание во седмиот век.
Овој најчудесен подвиг на 20 милиони луѓе е спроведен и покрај опасностите од страна на ИСИС.
ИСИС изјави дека шиитските муслимани се отпадници и дека не соодвествуваат на новите начела за формирање на калифат на подрачјето на Ирак и Сирија.
Нусаеф ал Катаби, кој го предводи парламентот од провинцијата Карбала, изјави дека во последните неколку дена марширале помеѓу „17 и 20 милиони луѓе“. Меѓу нив имало околу три милиони странци.
Храбри мажи, жени и деца марширале знаејќи дека бомбаш-самоубиец на ИСИС штотуку се разнел во непосредна близина на Карбала претходно.
Во последните неколку години, овој марш презема двојна цел. Таму каде што некогаш бил марш за Арбаин, сега прерасна и во протест против терористите на ИСИС кои го сквернават исламот.
Начинот вистински да се порази ИСИС е пружање отпор на стравот кој тие го наметнуваат и покажување на диверзивна тактика.
Овие муслимани му покажаа на ИСИС дека толеранцијата и слободата се помоќни од фанатизмот и омразата – поради што ниту еден американски медиум не извести за овие храбри луѓе кои се спротиставија на крвопролевањето.Во една од најголемите организирани демонстрации во историјата на светот, десетина милиони муслимани учествувале во отворениот протест против ИСИС,

Пронајдете не на следниве мрежи: