Околу 3 милијарди луѓе нема да смеат да пушат од 1 јуни!

Забраната за пушење на јавни места стапи на сила во многу држави од светот. Со оглед на тоа дека во Кина има најмногу пушачи, властите го забранија пушењето на сите јавни места. Заедно со Кина, од 1 јуни 2015 година, забраната за пушење ќе важи за скоро 3 милијарди луѓе во светот.Пекингшките власти го забранија пушењето на сите јавни места, вклучувајќи ги и работните простории и јавниот превоз, јави „Синхуа“.
Забраната за пушење ќе стапи на сила на 1 јуни, а оние кои ќе ја кршат забраната ќе бидат казнети со парична казна од 200 јуани, односно 32,50 американски долари, пренесе „АП“.
Кина има најголем број на пушачи во светот. Околу 300 милиони луѓе пушат, а 700 милиони се изложени на чадот од цигарите.
Според кинеската новинска агенција, само во Пекинг има повеќе од 400.000 пушачи.
Покрај забраната за пушење на јавни места, усвоени се и нови правила за рекламирањето на цигари на отворен простор, телевизијата, филмовите и во весниците.
Кога ќе се земе во предвид популацијата од европските и американските држави во кои забраната за пушење стапи на сила, од 1 јуни наредната година, официјално ќе има околу 3 милијарди пушачи на кои ќе им биде одземено никотинското задоволство на јавните места.Пекингшките власти го забранија пушењето на сите јавни места, вклучувајќи ги и работните простории и јавниот превоз, јави „Синхуа“.

Пронајдете не на следниве мрежи: