Пејачката Шинејд О'Конор им соопштила на своите следбеници на Фејсбук дека на 48-годишна возраст одлучила да стави крај на својот живот. Таа се регистрирала под измислено име напишала дека е во хотел “некаде во Ирска каде земала смртоносна доза лекови. За самоубиството го обвинува семејството.
-Зедов смртоносна доза. Нема друг начин да постигнам почит. Плачев со недели. А тие ми одговараа да си одам. Моето семејство не ме цени “, напишала О'Конор.
Подоцна TMZ објави дека полицијата успеала да ја открие пејачката жива и без опасност за животот некаде во Даблин и да ја предаде за понатамошно следење на медицинските лица.
Се уште не се знае дали таа навистина посегнала по својот живот.
Во јули 2015 година Шинејд ја прекина летната турнеја поради болест. Зад себе има три пропаднати брака и четири деца меѓу 9 и 28 години. Таа се регистрирала под измислено име напишала дека е во хотел “некаде во Ирска каде земала смртоносна доза лекови. За самоубиството го



