ОКТА донираше компјутери во Домовите за култура во Општина Илинден

„Донираните компјутери ќе ја забрзаат и поедностават секојдневната соработка меѓу граѓаните и нивната општина и со тоа ќе го направат нивниот живот многу полесен“, изјави Виктор Папаконстантину, Генерален извршен директор на ОКТА.(Скопје, 10.09.2014) –Донацијата на компјутерска опрема од ОКТА е продолжување на серијата успешни проекти досега спроведени помеѓу ОКТА и Општина Илинден.
„Ова можеби е мал гест од ОКТА, но верувам дека ќе има значајно влијание за граѓаните на Илинден. Донираните компјутери ќе ја забрзаат и поедностават секојдневната соработка меѓу граѓаните и нивната општина и со тоа ќе го направат нивниот живот многу полесен“, изјави Виктор Папаконстантину, Генерален извршен директор на ОКТА.

Неодамна реорганизираниот Дом за култура и останатите во Општина Илинден ќе го користат граѓаните за секојдневни трансакции и за комуникација со административните служби на Општината. Оваа комуникација се очекува да биде во голема мера олеснета со користењето на компјутерската опрема донирана од ОКТА.
„Со компанијата ОКТА имаме одлична соработка која што досега дава конкретни резултати. Оваа компанија навистина покажа што значи една општествено одговорна компанија и тоа го покажува постојано со дела. Добиената техничка опрема значително ќе придонесе за поголема ефикасност на општинската администрација и подобрување на информатичкиот капацитет на Општината, со што граѓаните ќе добијат квалитетна и навремена услуга“, изјави градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.(Скопје, 10.09.2014) –Донацијата на компјутерска опрема од ОКТА е продолжување на серијата успешни проекти досега спроведени

Пронајдете не на следниве мрежи: