ОН потврди дека 20 негови мировници се заробени од сириските бунтовници

 Обединетите нации потврдија во средата доцна попладне дека конвој на нејзините мировни сили се заробени од вооружени лица во областа на Голанската висорамнина меѓу Сирија и Израел, но не располага со детали за настанот, изјави на брифинг со новинарите заменик портпаролот на светската организација Едуардо дел Буеји.„Околу 20 мировници беа запрени и заробени од страна на група од околу 30 вооружени лица во областа на разграничувањето меѓу Сирија и Израел“, изјави дел Буеји. Според него, мисијата на Обединетите нации во областа во кој се случил инцидентот испратила своја делегација за да се разјасни ситуацијата и за нејзино надминување.Веста за заробувањето на мировниците претходно во средата дојде од снимка поставена на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube. Агенцијата Reuters пренесе дека човекот на снимката се претставил како припадник на бригадата Мачениците на Јармук (Martyrs of Yarmouk). Тој стои пред две бели оклопни возила и еден камион со натписот „Обединети нации“ (UN), а во возилата може да се забележат панцирни елеци. Според Reuters, на снимката се прикажани најмалку три лица со светло сините шлемови на ОН.Според милитантот од Мачениците на Јармук, конвојот со набљудувачи на светската организација ќе биде ослободен само доколку владините трупи го напуштат селото Џамла, коешто е под контрола на безбедносните сили на владата на сирискиот претседател Башар ал-АсадНабљудувачката мисија на ОН е распоредена во тампон зоната која беше формирана за физичкото разграничување на израелските и сириските сили по арапско-израелската војна од 1973 година. Всушност станува збор за сириска територија, во непосредна близина на делот од Голанската висорамнина, кој беше окупиран и анектиран од страна на Израел. Територијалниот суверенитет врз висорамнината и натаму останува главниот предмет на конфликтот меѓу Израел и Сирија.
Макфакс Обединетите нации потврдија во средата доцна попладне дека конвој на нејзините мировни сили се заробени од

Пронајдете не на следниве мрежи: