Опасна провокација: Украина ја гранатираше Русија. Убиен е еден цивил

Еден Русин е убиен, а две лица се ранети во руската област Росток, при падот на гранатата која дошла од украинската страна од границата, јавуваат руските агенции.РИА Новости наведува дека во Доњецк (мал град во Русија кое го носи истиот назив како и еден град во Украина), во областа Росток, со 49.000 жители, била фрлена граната.
Според заменикот на шефот на руската дипломатија на Русија, Григориј Карасин, станува збор за „опасна ескалација на напнатоста на границата и тоа е квалитативно поголем степен на опасност за граѓаните кои живеат на територијата на Русија“.
„Нашиот демарш ќе биде жесток и конкретен, но потребно е да се утврдат сите околности на настанот“, рече Карасин.

Первые фото с места падения снарядов из Украины на территорию жилого дома в Ростовской области https://t.co/u1Hsr5tkLN pic.twitter.com/trMC32Wuv4
— RT на русском (@RT_russian) July 13, 2014
РИА Новости наведува дека во Доњецк (мал град во Русија кое го носи истиот назив како и еден град во Украина), во областа Росток, со 49.000 жители,

Пронајдете не на следниве мрежи: