Опеана Анџелина Џоли

Сенад Спречиќ од Босна и Херцеговина, инспириран од неодамнешната посета на славната актерка, и посветил една поема. Сенад во поемата и се обраќа на Анџелина и и раскажува за тешката состојба на граѓаните на Босна и Херцеговина. Прочитајте ја трогателната поема подолу.Не Прашувај Ме
 
Ме прашуваше Анџелина Џоли
Да и кажам што ли Босна ја боли?
Ме молеше да му ја пренесе на светот
Сета голгота и страданијата клети,
Сета тортура што граѓаните ја трпат
Од Требиње до Босанско Крупе.
Ме молеше раните да и ги покажам,
Кој граѓаните ги тепа и краде,
Кој ја лаже Босна и народот го дели
За таа срамота сиот свет да знае!
Ме молеше, и пушти една солза,
И лелекаше под својата тесна блуза.

 
 
Не прашувај ме, не можам да ти кажам
Во Босна нема мед и млеко да потече
Не прашувај ме мене, туку мајка ми стара
Што за пензија моли низ Мостар.
Прашај го детето од Коњевилко Поле
Што за својот јазик мора да се бори.
Прашај го момчето што работа бара
Факултетската диплома секаде не одговара.
Прашај ја девојката што не се мажи,
Дали има леб на детето да му даде.
Прашај го секој воен инвалид
Дали има лек за болката што срце му пара.
Прашај го храбриот херој и борец
Што ли јаде од празниот лонец.
Прашај го детето на хусинскиот рудар
Дали му е тврда старата корка леб
Прашај ги вредните зенички работници
Дали имаат прилики за живот
Прашај го народот од Краина
Што ли го тера да демонстрира?

 
 
Не прашувај ги лидерите политички
Тие се уште не ги довршиле своите пијачки.
Не прашувај ги ни верските водичи,
Тие сакаат народот да се мрази
Не прашувај ги ни конститутивните,
Тие не се народ од оваа прекрасна земја.
 
Вистинската слика ќе ти ја опише босанец
Што во својата земја живее к’о странец,
Што земјата, опстанокот и јазикот му ги крадат
И последната надеж за иднина му ја убиваат.

 
 
Вистинската состојба босанецот ќе ти ја каже
Како низ Босна може мед и млеко да тече.
Зошто луѓето сакаат заедно да живеат и работат,
И својата земја во подобра и поубава да ја градат.
Љубовта низ маалата да се шири
И сета земја на цвеќе да мириса
Дека слобода на народов му треба
Кој никогаш нема да се предаде.
Бидејќи слободата овој народ ја сака,
А не да клечи, и понизно да моли.
Бидејќи босанецот никогаш не клекнал и не молел.
Тоа ќе го сватите порано или подоцна.
Бидејќи босанецо својата Босна не ја дава
И затоа е Босна земја на крв, чемер и мед.
 
Не прашувај ме ништо Анџелина
Се друго е лага –
„слобода за вистина!“Не Прашувај Ме
 
Ме прашуваше Анџелина Џоли
Да и кажам што ли Босна ја боли?

Пронајдете не на следниве мрежи: