Опозицијата со оркестриран напад кон легендата на македонскиот спорт Кире Лазаров!

Поддржувачите на СДСМ продолжуваат со својата практика на навредување на секој оној кој не мисли како нив. Нова нивна жртва е најдобриот македонски ракометар во историјата Кире Лазаров кој се најде под оркестриран напад на соросовите платеници и сдсмовски поддржувачи само затоа што си ја сака татковината и даде поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.Поранешниот пратеник од СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули го навреди Кире дека не бил доволно елоквентен кога давал изјави.

-Штета што Кире Лазаров не е елоквентен кога дава изјава како денешниот пост што “го пишал” за поддршка на чиста Македонија, напиша Макрадули на социјалните мрежи.
Еден од оние кој исто така го навреди капитенот на ракометната репрезентација, а покрај тоа и сите други спортисти, е новинарот Саше Ивановски. Тој сите спортисти ги нарече празноглави мајмуни, неписмена и улиарка багра.

За Александар Маленко, неуспешен спортист кој сега самиот се смета за некаков експерт, љубовта кон татковината претставува “тежок фаул во напад“.

 
Поради љубовта кон татковината на Кире Лазаров, негативни и навредливи коментари не штедеа ниту симпатизерите на СДСМ на социјалните мрежи

Сепак, за разлика од нападите од минорен број сдсмовски платеници и поддржувачи на опозицијата, потегот на Кире Лазаров наиде на голема поддршка кај огромното мноизнство од македонски граѓани. Лазаров доби илјадници “лајкови“ за напишаното и поддршка од сите страни.
Во поддршка на Лазаров се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на својот Твитер профил напиша:

Поранешниот пратеник од СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули го навреди Кире дека не бил доволно елоквентен кога давал изјави

Пронајдете не на следниве мрежи: