Опозицијата во бунило после средбата Груевски-Бајден

Новинарите и експонентите на СДСМ го изгубија компасот во паника од приемот на премиерот Никола Груевски кај потпретседателот на САД, Џо Бајден. Политичките и медиумски стратези делуваат како во нокдаун и не можат да се договорат меѓу себе дали е добро или лошто тоа што премиерот груевски се сретна со американскиот потпретседател Бајден.Како од учебник, во само два дена ги минаа трите фази на реагирањето во криза. Започнаа со првата која подразбира шок, сомневање и отфрлање на фактот дека Груевски заминува на средба со Бајден. Следуваше втората фаза на катаклизма на емоциите која вклучи конфузија, гнев, срам, очај, вина, жалење. За да финишира со воспоставување на нова екотивна рамнотежа и помирување со фактите дека “изолираниот” Груевски, а не Заев бил примен во официјален Вашингтон.
Една од поискусните новинарски перјаници на СДСМ, Ерол Ризаов, отиде дотаму што американскиот потпретседател го прогласи за Сталин.

Ацо Кабранов преку Либертас индиректного прогласи американскиот амбасадор за корумпиран политичар кој за пари договара средби. Според тезите на Либертас, кој било политичар или бизнисмен би можел за 54 000 долари (колку што чинел договорот на ПР агенцијата) да си обезбеди прием од американскиот потпретседател кога и да посака. Така на пример со 150 000 евра, по математиката на Кабранов, Вицето може до избори да си уплати 3 приеми кај Бајден.

Аналитичарот на СДСМ, Ивор Мицковски излезе со тврдење дека проблемот е во тоа што американските политичари пред заминување застранувале во политиките и станувале попустливи.

Зоран Бојаровски, во недостиг на други аргументи, се обиде како јасновидец да ги толкува погледите на членовите на делегацијата на американскиот потпретседател. Според него, тие зборувале се. Немало потреба од дискусија. Соопштението од средбата би гласело “Бајден го погледна Груевски”.

На крај кога не можеше веќе да се живее во виртуелната реалност дека Груевски е „итно повикан на шокантна средба“, туку дека премиерот на Македонија побарал и веднаш добил средба со заменикот на Барак Обама, започна враќањето во реалноста. Плусинфо се обиде да ја шокира јавноста со веста дека премиерот не останува во САД, туку ќе се враќал во Македонија.

Тажно соочување со реалноста имаше и сопственикот на ПлусИнфо и еден од идеолозите на опозицијата Бранко Героски. Долгогодишниот новинар својата депримираност од враќањето на Премиерот Груевски во Македонија ја срочи резигнирано, прифаќајќи дека изборите сепак ќе се одржат на 24 април и покрај насоките од Бихаќка до своите медиумски мегафони да работат на нивно одложување:

Се започна со тезата дека Премиерот бил повикан на „рибање во Вашингтон“. Истата теза од 2011 година.

Следуваше одговор од Американската Амбасада. Средбата била на барање од македонска страна.

Сите силни аналитичари на СДСM беа фатени во офсајд. Мораше да се повлекуваат назад бидејќи увидоа дека нивниот претходно договорен став нема елементарна логика. Само во светот на СДСМ може да егзистира такво образложение дека некој може да побара да биде примен за да биде „рибан“.
Истиот недостиг на логика во голото критизерство на СДСМ наиде на голем потсмев кај новинарите кои работеле во Вашингтон и известувале од Белата куќа.
 Како од учебник, во само два дена ги минаа трите фази на реагирањето во криза. Започнаа со првата која подразбира шок, сомневање и отфрлање на факт

Пронајдете не на следниве мрежи: