Општина Струга платила над 220 илјади евра за одржување на депонијата на една иста компанија- стружани се гушат од смет

Општина Струга за три години на една иста фирма платила сума од нешто повеќе од 220 илјади евра за одржување на депонија. Тендерите три години по ред ги добила струшката фирма Д&Б Груп. Во склучените договори е наведено дека се склучени за одржување на депонија за отпад, објави порталот Фактор.мк.Но, и покрај ова, жителите на Струга постојано се соочуваат со проблеми со дивата депонија, која често беше запалена а Струга се гушеше во чад, при што, иако во надлежност на општината, сепак пред само неколку недели, проблемот го решава централната власт.
Според официјалните договори, општина Струга во 2014, 2015 и 2016 година, склучила договори за одржување на депонија. Сите договори се склучени со фирмата Д&Б Груп од Струга.
Договорот склучен во 2014 година е на сума од 65 илјади евра, во 2015 година бил склучен договор во износ од околу 59 илјади евра а последниот договор од минатата годиина бил на сума од 98 илјади евра.
При тоа, во 2014 година,  во трка за тендерот имало два фирми но победила Д&Б Груп од Струга, додека пак во следните две години на тендерот се јавувала само една фирма, односно Д&Б Груп со која и се склучени договорите.
Петкоски: Алијанса и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис и поради тоа ги трујат граѓаните
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски во своето обраќање на панел дискусијата организирана од партијата за заштита на животната средина, рече дека Алијансата на Зијадин и Села и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис и поради тоа ги трујат граѓаните.
Тој истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии.
Проблемот постои веќе 10 години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник додаде Петковски.
Според него проблемот општината одбива да го реши поради бизнисот кој општината го прави со сопствениците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.
Петковски додаде дека граѓаните од општината бараат бизнисот да го остави на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите кои благодарение на лошото работење на локалната власт секоја година ги има се помалку. Во иднина спорет Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.Но, и покрај ова, жителите на Струга постојано се соочуваат со проблеми со дивата депонија, која често беше запалена а Струга се гушеше во чад, при

Пронајдете не на следниве мрежи: