Оскар Писториус обвинет за убиство на својата девојка

Јужно африканскиот параолимпиец Оскар Писториус официјално е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкамп.
Според обвинението на јавниот обвинител Гери Нел, Писториус на критичниот ден станал од спиење, ги ставил протезите на нозате, поминал седум метри од спалната соба, до тоалетот и тука со некоолку куршуми ја убил Рива. Трагите, според обвинителството говорат дека вратата од тоалетот, каде што беше убиена 29 годишната Рива, била обиена.
„Се било испланирано! Зошто провалник би се заклучувал во тоалет?“, прашал обвинителот.
Обвинителството и одбраната се сложиле дека Писториус ја убил девојката со три куршуми, кои ја пробиле вратата на бањата, но одбраната ги отфрли тврдењата на обвинителството дека се работи за убиство со предумисла.
Одбраната на Писториус  тврди дека не се работи за убиство, туку дека Пасториус ја убил девојката мислејќи дека таа е провалник.
„Ова дури не е ниту убиство. Верувавме дека обвинителството ќе направи приказна за конфликт меѓу нив двајца, бидејќи имале проблеми во врската, таа на пријателите им кажала дека повеќе не го сака“, рекол адвокатот на Писториус, по што обвинителот додал дека смета оти на убиството му претходела расправија во куќата. 
Извори од полицијата тврдат дека Писториус со првиот куршум ја застрелал Рива во дневната соба каде била најдена и крвава палка. Рива потоа избегала ранета во тоалетот и се заклучила, но куршумите низ вратата биле кобни за неа, додека се обидела да се заштити со рацете. На едната дланка имала прострелна рана.
Писториус не ја дал својата верзија на настаните, а како што пренесуваат медиумите тоа би можело да се случи во текот на денот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Јужно африканскиот параолимпиец Оскар Писториус официјално е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: