Ослободување од политичкото и економското ропство

Најчесто објавуваните информации за борбата на македонскиот народ во почетокот на минатиот век ретко споменуваат дека освен со оружје, Организацијата му помагала на населението и на други начини, многу современи за тоа време. Редакцијата на ЛОЗА почнува да објавува први преводи на современ македонски јазик од спомени, биографии и книги кои го опишуваат ослободувањето на македонското население не само од политичкото, туку и од економското робство.Раководители на Ново Село станавме Ѓошо Христо, Икономов и јас – Мите Хаџимишев, а околиски војвода – Мише Развигоров, кој беше нелегален по востанието.
И така, Мише Развигоров започна не само револуционерна борба, но и економска. Тој сакаше да отстрани се што беше станало зло за населението, за рајата. Мише издаде наредба – момоците кои што им работат на беговите за мали пари (еден момок со жена си цела година работел за бегот, а добивал 100 гроша и 100 шиника жито) да се побунат. Тој го зголеми плаќањето на момоците и количината на жито која што ја добиваа од беговите, и нареди да им се дава од четирите семиња, а не само ечемик и рж. Да им се дава и волна, сирење, млеко и масло. Со една дума, тој го подобри животот на рајата. Мише Развигоров го постигна тоа на следниот начин – нареди момоците да објават штрајк, а организацијата ги заплаши беговите. Така беговите беа принудени да ги прифатат условите. Тогаш жетварите за жнеење на декар добиваа по 2-3 гроша, при што највредните добиваа и по 5 гроша на декар. Мише им нареди да бараат од 8 до 12 гроша за жнеење на декар. Тој забрани да доаѓаат жетвари и аргати од други околии. Сите оние кои што не ги почитуваа наредбите на организацијата, беа казнувани. Тоа стана причина за зголемување на надниците, и веќе самите бегови започнаа да молат за намалување на работната плата. Тврдеа дека цената на житото се намалила, но Мише нареди работната плата да се намали на 8 – 10 гроша. Наредено беше и дел од житото да оди во касата на организацијата. Целта кон која што се стремеше Мише Развигоров, беше да се принудат беговите да започнат да ги продаваат имотите на селаните.
Како што е познато, момоците и чифчиите беа од домашното христијанско население и не располагаа со земја, при што цели поколенија беа се борчлии и продавани заедно со воловите. Робството беше двојно – политичко и економско. Мише поведе борба спроти беговите и на крај тие беа принудени да ги продаваат чифлиците и селаните почнаа да ги откупуваат имотите. Сумата за откупување на земјата беше обезбедена од организационата каса. По купувањето на одреден имот или цело село, парите се даваа на број од касата на организацијата. Откако земјата беше купена, нивите се распределуваа еднакво меѓу селаните, по што за една година селаните целосно го вратија долгот и селата до ден денешен се на рајата. Селаните се раздолжија кон касата на организацијата без да плаќаат лихви…
(продолжува)
 
извор: Спомени на Мите Хаџимишев (1873 Штип – 1953 Ќустендил)Раководители на Ново Село станавме Ѓошо Христо, Икономов и јас – Мите Хаџимишев, а околиски војвода – Мише Развигоров, кој беше нелегал

Пронајдете не на следниве мрежи: