Османи уште еднаш потврди дека Заев во целост ја прифатил тиранската платформа

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи при синоќешното гостување во „24 Анализа“ потврди дека лидерот на СДСМ Зоран Заев во целост ја пирфатил албанската платформа од Тирана и прифатил разговор за промена на знамето, химната и грбот. Османи рече дека СДСМ и Зоран Заев се согласиле за сите прашања од платформата за кои не треба промена на Уставот и двотретинско мнозинство. За прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и грбот се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.–За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спомнати се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение. Зборувам за прашањата кои што бараат двотретинско мнозинтсво. За другите прашања, кои се во рамки на Уставот е постигната согласност, рече Османи.
Османи истакна дека Албанците не ја прифаќаат химната на Република Македонија и бараат нејзина промена.
–Вие имате ситуација во која втората по големина етничка заедница не ја прифаќа таа химна бидејќи ги исклучува нив, ги исклучува во секој аспект од таа химна. Ние велиме за да бидеме полојални кон државата, за да бидеме инклузивни, за да може сите да станеме на иста химна, таа химна треба да не претставува и нас. Меѓутоа за тоа треба двотретинско мнозинство, вели Османи.
И додека лидерот на СДСМ Зоран Заев се обидува да го излаже народот велејќи дека „Се манипулира со народ дека парите ќе бидат двојазични“, демант повторно пристигна од ДУИ. Османи вчера уште еднаш потврди дека двојазичните банкноти се дел од Тиранската плтформата која Заев и СДСМ ја имаат прифатено.
Османи во емисијата, на прашањето „Дали банкнотата ќе биде двојазична?“, повторно со потврден одговор.
-Тоа е предвидено во драфтот кој е одобрен од претседателството.
Прашан дали тоа е предвидено во Законот кој што го усогласиле со СДСМ и дали СДСМ ќе гласа за тоа, Османи рече:
-Стои во усогласениот текст на предлог-законот, вели Османи.
Османи беше и прашан како ќе стои на банкнотата Народна Банка на Република Македонија, дали и на македонски и на албански јазик, при што кратко одговори:
-Па да.
Во вчерашното интервју Османи призна и дека со ВМРО-ДПМНЕ не се договориле за јазикот, нагласувајќи дека одредени прашања биле усогласени, но тоа не било доволно.
На прашањето дали истото што е договорено со СДСМ го договориле и со ВМРО-ДПМНЕ, Османи изјави:
–Работните групи кои што работеа со ВМРО, доставија одреден начелен договор во претседателството, кое што претседателството го оцени како недоволно за да ние дадеме поддршка на таа коалиција.
Одговарајќи на прашањето што од платфрмата било договорено со ВМРО-ДПМНЕ, Османи додаде:
–Одредени прашања беа усогласени, меѓутоа не доволно за ние да оцениме дека може д абиде прифатливо за нас. Имаше одредени дилеми во однос на Законот за јазик.
Зоран Заев и СДСМ исто така се подготвени да гласаат за геноцид врз Албанците од страна на Србите, барање кое како дел од Тиранската платформа е прифатено од лидерот на СДСМ.
Османи вчера потврди дека за нив тоа е важно прашање кое треба да се затвори додавајќи дека со СДСМ и Заев имаат договор и за ова прашање.
–Сметаме дека тоа е важно прашање кое треба да се затвори. Претседателот Ахмети во неговиот куќен двор има откриено масовна гробница токму од тоа време, меѓутоа тоа е само еден врв на целиот тој масакр што се случил во тој период, вели во 24 Анализа Османи.
Портпаролот на ДУИ беше прашан дали има договор со СДСМ за геноцидот, на што тој одговори:
-Има разбирање и договор, вели Османи.–За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спом

Пронајдете не на следниве мрежи: