Оставила страшна порака на Фејсбук пред да се обеси во бавчата: 28- годишната мајка напишала…

Мајка која се борела со фактот дека ѝ се „одземени“ две деца, додека третото е во критична состојба во  болница, се обесила неколку часа откако  на Фејсбук оставила порака: „не можам повеќе, до гледање!“Ема Томас (28) е пронајдена мртва во градината, а трагедијата се случила на 12.03 оваа година, неколку седмици  откако нејзините две деца  од страна на социјалната служба биле доделени на чување на нејзиниот поранешен партнер.
Практично  пред да изврши  самоубиство во  својот дом во  Рокдел, Ема објавила статус на Фејсбук:
„Јас завршив! Ги  сакаше моите деца и  ги  доби, но никогаш нема да добиеш некој  кој   би ги сакал тие деца како  јас. Не можам повеќе, до гледање!“
Ема и  претходно  се обидела да се самоубие, со  сечење на вените и предозирање со таблети.

Инаку, Ема ја пронашол нејзиниот сегашен партнер Ли Валш со  кого  има едногодишно  дете кое  е во тешка состојба во  болница поради проблеми  со  црниот дроб.
Ема Томас има две деца од претходната врска, а кога се разделила од нивниот татко, се преселила со  нив од Блекпул во Рокдел. Валш го  запознала година дена по  раскинот на врската.
Нејзината сестра, Елен Прајс, потсетила дека социјалната служба ги  доделила нејзините две деца  на поранешниот партнер во  Блекпул, додека таа се грижела за болното  дете.
„Тоа ѝ го  скрши  срцето“, додала сестрата.
Очигледно, постоеле низа проблеми, на Ема ѝ биле препишани  антидепресиви, а имала и  проблеми  во врската со  Валш, односно расправии, па дури и  насилство.Ема Томас (28) е пронајдена мртва во градината, а трагедијата се случила на 12.03 оваа година, неколку седмици  откако нејзините две деца&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: