Осум години без непреболениот Тоше Проески

Денеска навршуваат осум години од смртта на Тоше Проески, кој во 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Македонија, но и балканскиот регион, сѐ уште со тага и неверување се сеќаваат на кобниот ден кога Тоше ги напушти живите и прерано почина.
Неговите песни ги сплотуваа луѓето, зрачеа со позитивна енергија, неговата насмевка знаеше да го стопи и најладното срце, а неговата добрина и искреност беа пример за секого.
Дента кога си замина, замина по еден дел од нас, бидејќи Тоше беше најсветлата точка на естрадата, а неговите песни секогаш ги будеа најдлабоките емоции кај секој човек кој има слушнато барем една негова песна.
Во негова чест, пуштете си ја омилената песна за да му порачаме дека неговото „ѕвездено небо“ и понатаму гори во секого од нас.
Почивај во мир ангелу!Македонија, но и балканскиот регион, сѐ уште со тага и неверување се сеќаваат на кобниот ден кога Тоше ги напушти живите и прерано почина.

Пронајдете не на следниве мрежи: