Освен даноците ќе поскапува и струјата

Законот за енергетика да биде меѓу приоритетните, препорача Владата на вчерашната седница. Овој закон повеќе пати беше одложуван од претходната влада, токму со цел спречување на поскапување на струјата.По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година.
Со новиот закон се предвидува либерализација на струјата, што значи струјата ќе се обезбедува до крајните потрошувачи на слободен пазар.
Неминовно, според познавачите, тоа согласно сегашните параметри ќе доведе до нејзино поскапување, бидејќи Владата ќе изгуби моќ на регулирање на цената на струјата.
Овој закон повеќе пати беше одложуван од минатата влада, токму со цел спречување на поскапување на струјата.
Ова беше една од иницијативите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој освен тоа што е потпретседател на Владата, исто така е и еден од најголемите трговци на струја. Останува отворено прашањето дали ова ќе значи повеќе пари за Анѓушев, а помалку пари за граѓаните?
Владата информираше дека законот бил усвоен на владина комисија и набрзо ќе биде усвоен од Владата.По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа Извештајот за работата на Регулаторната комисија за

Пронајдете не на следниве мрежи: