Освен на скопските клиники, од идната година лекари ќе специјализираат и во „8 Септември“

Идните интернисти, невролози и хирурзи, освен на скопските клиники ќе специјализираат и во ГОБ 8-ми септември.Во новите решенија за специјализација, мора да бидат наведени и месеците од практичниот дел кој специјализантите ќе го поминат во градската општа болница, најави министерот за здравство Никола Тодоров.
На пример, доколку за дигестивен хирург се потребни 50 месеци учење, лекарот во 8-ми септември мора да биде најмалку една ипол година.
-Тоа веќе е договорено, значи кадар плус специјализанти што значи олеснување на работата. Тука веќе има на неврологија а сега и на останатите одделенија..Тоа значи ќе функционираат како клинички центар, изјави Никола Тодоров министер за здравство.
Од менаџментот на установата велат дека тоа ќе зависи и од кадровскиот потенцијал на болницата. На интерните одделенија можат да земат од 10 до 15 специјализанти а за толкав број има место и во хируршкиот дел.
Специјализациите во 8-ми септември треба да почнат од почетокот на идната година и со нив значително ќе бидат засилени човечките ресурси во оваа установа која од година во година ги дуплира бројот на прегледите и интервенциите.Во новите решенија за специјализација, мора да бидат наведени и месеците од практичниот дел кој специјализантите ќе го поминат во градската општа б

Пронајдете не на следниве мрежи: