Отишла кај фризер и третманот го платила 200 евра: Добила ВАКВА ФРИЗУРА!

Кога  за фризура ќе дадете 200 евра, очекувате да добиете фризура како  на светска ѕвезда. А како  би реагирале  кога на главата  би  го  виделе овој ужас?Холи Џејн Харботи (19) од Велика Британија  е просечна студентка  која долго време  мечтаела за совршени екстензии на косата.
Бидејќи страда од анксиозност, нејзината мајка одлучила да ја почести   со  екстензии за кои  толку  мечтаела. За тоа задоволство  одвоила 200  евра  и  ја пратила ќерката во  салон. Сега, вели, освен анксиозност таа е и  депресивна  бидејќи косата толку  ѝ е оштетена што  мора да ја крие со перика.

„Не можам да престанам да плачам. Косата ми е уништена до таа мера што  избегнувам да излегувам од дома“, вели несреќната  девојка. Како  што понатаму објаснува, суштината на тие екстензии била да ѝ дадат   доза самодоверба, а резултатот е потполно спротивен.

 
„Пријателка ми  ја препорача фризерката, но од самиот старт  ми  беше јасно дека нешто  не е во ред. За почеток, беше ужасно нељубезна  кога се јавив да закажам термин. Не ми  даде никаков совет и  сугестија, што  е без врска бидејќи  сепак  по прв пат   правев екстензии, па секој  совет би  ми  значел“, вели  Холи.
„Платив 55см екстензии, но  добив значително помалку. А најлошо  од се е што  немам пари за поправка“, вели очајната девојка.
Како што  вели, само  7 дена по  правењето  на екстензиите, косата  почнала да ѝ паѓа. Ја побарала фризерката, но  таа ѝ кажала дека  нема причина за  грижа. Но, Холи тврди дека фризерката не ги  направила добро екстензиите, ги ставала една врз друга, и  тоа се претворило во  едно огромно клопче.

„Тоа е смешно. Ѝ ги правев  екстензиите пред повеќе од 5  месеци. Поточно, 22 септември. Првите  седмици испаднаа неколку  екстензии, а јас ѝ кажав да обрне внимание, па ако  испаднат повеќе да ми се јави. Не ми се јави се до  оваа седмица. Ми  прати пораки и ѝ кажав дека мора да дојде  лично  да погледнам. Ме праша што  ќе превземам, а јас ѝ реков  дека веројатно ќе ги отстранам, а потоа  таа почна да објавува фотографии, но и  да ми се заканува на Фејсбук“, тврди фризерката и додава дека целиот проблем лежи во  тоа  што девојката од старт не водела добро сметка за екстензиите.
Кој од нив две е во право, веројатно ќе се утврди на суд.Холи Џејн Харботи (19) од Велика Британија  е просечна студентка  која долго време  мечтаела за совршени екстензии на косата.

Пронајдете не на следниве мрежи: