На селска слава во своето родно место Брестач Дарко Лазиќ демолирал простории на ОФК Брестач, кои се во соптственост на општината Пеќина.Пејчот и неговиот брат дошле на прослава под дејство на алкохол и направиле хаос. Небојша Савиќ, претседател на клубот кој против Дарко и Драган Лазиќ поденел кривична пријава, истакнува дека тие во таа прилика го кршеле инвентарот и направиле штета од 90.000 динари.
Кршеле столчиња и маси
„Дарко и неговиот брат Драган Лазиќ дојдоа во клубот во недела околу 22 часот во пијана состојба. Откако испија по два пијалока, почнаа да кршат шишиња од ѕид. Ги предупредив да не го прават тоа бидејќи просторијата штотуку беше реновирана. Се обидоа и физички да се пресметаат со мене, а кога им кажав дека повеќе нема да добијат пијалок, тоа едноставно ги разбесни.
Почнаа да кршат маси и столчиња, го пробија плафонот, а ѕидовите ги испрскаа со пијалок. Ми рекоа дека полицијата е нивна и дека во оваа земја се се решава со пари, а дека тие ги имаат. Повикав полиција, која дојде и изврши увид, а потоа поднесе и кривична пијава“, вели Савиќ.
Дарко Лазиќ демантира
„Тоа се глупости. Луѓето се безобразни и само сакаат да ми напикаат некоја афера. Ништо не се случи за да се крене толкава врева. Само гледаат нешто да ми наместат, не можам да сфатам зошто се љубоморни“, вели Лазиќ.Пејчот и неговиот брат дошле на прослава под дејство на алкохол и направиле хаос. Небојша Савиќ, претседател на клубот кој против



