Бракот на Тања Савиќ и Душан Јованчевиќ кој е пред развод, се обидува да го спаси целото семејство на пејачката. Имено, мајката на Тања, Живана во разговор за „Ало“ објаснила дека нејзината ќерка мора да остане со својот сопруг бидејќи имаат две деца за кои и двајцата треба да се грижат и воспитуваат и дека проблемите некако ќе ги решат.
„Помина време откако Тања можеше да мисли само на себе. Па, слушајте, ниту во еден брак не е идеално. Секогаш има некои проблеми, караници но тоа е нормално. Па замислете сите парови да се разведуваат после секоја кавга?! Тања нема да се разведе од Душан. Сепакм тие не се сами, ги имаат своите синови на кои треба да им бидат пример а не децата да растат без едниот родител. Тоа на никому не му донело добро“
„Нашата Тања мора за се да размисли добро, а не така веднаш да се разведува. Можеби се шегувала кога зборувала на таа тема и во тој момент можеби била лута, па на некому му рекла дека сака да се разведе. Каков црн развод!“- објаснува Живана која додава дека кога последен пат се слушнала со својата ќерка не и рекла ништо во врска со своите проблеми.
„Па незнам дали не ми кажа за да не се грижам. Новините знаат да претераат кога пишуваат за тие работи. Јас секако секогаш стојам зад својата ќерка и ја поддржува во се, јас сум и мајка, но за разводот немам повеќе што да кажам. Се може да се реши со разговор“- ја завршува приказната Живана.
Инаку откако објасвивме дека Тања Савиќ се разведува социјалните мрежу беа преплавени со коментари дека ова е всушност маркетиншки трик за да го привлече вниманието кон себе.
Која е вистината останува да дознаеме…Имено, мајката на Тања, Живана во разговор за „Ало“ објаснила дека нејзината ќерка мора да остане со својот сопруг бидејќи имаат две де



