Откако

Пет девојчиња од едно училиште во Данска извеле многу интересен експеримент, кој привлече огромно внимание ширум светот, а сликите кои ги поставија на интернет предизвикаа бурни реакции на многуте истражувачи, биолози и експерти за зрачење од Англија, Холандија и Шведска.Експериментот се состоел во тоа што било набљудувано како се развива семето на две идентични билки во две простории со идентична положба кон сонцето, налевани со еднаква количина вода и со иста температура.
Во една просторија е ставен рутер за безжичен интернет кој емитува зрачење како и обичниот мобилен телефон, а во другата просторија немало ништо.По 12 дена, семето покрај безжичниот рутер воопшто не пораснало, а некои билки дури и мутирале.
Билките настанати од просторијата без зрачење нормално напредувале и биле потполно здрави.Младите истражувачи всушност сакале да го свртат вниманието на тоа како мобилниот телефон кој повеќето од нас го држат покрај креветот во близина на главата, влијае на сонот и концентрацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: