Отказ за научник кој открил дека ГМО храната е смртоносна!

Британски биохемичар  во 1998-ма година ја открил вистината за генетски моодифицираната храна и добил отказ поради тоа. ГМО храната и понатаму е на мета на медиумите. Уште од 1998-ма година била актуелна, а британски биохемичар се обидел да ја открие вистината која се крие зад генетски модифицираната храна. 
Тој ја посочил ГМО храната како главен виновник  за оштетувањето на органите, репродуктивните проблеми, дигестивна дисфункција, оштетен имунитет и рак, веднаш бил отпуштен од неговата работа, а тимот на истражувачи со кои работел биле отпуштени во рок од 24 часа, од периодот кога наодите се појавиле во јавноста.
Арпад Пусзтаи, кој се смета за еден од најпочитуваните биохемичари во светот, три години го предводел тимот на истражувачи од престижниот „Rowett“ институт во Шкотска.
Наместо да ја пофалат нивната искрена проценка за ваквото истражување, тој и неговите колеги, кои дотогаш ја имале целосната поддршка од страна на тогашната британска влада, на чело со Тони Блер, биле веднаш отстранети од понатамошното истражување.
Наводите за генетскиот модификуван компир кој му штетел на здравјето на човекот, а притоа истиот бил тестиран на стаорци, веднаш беа пренесени низ медиумите и ставен на јавна расправа.
Со вакви слични објаснувања излезе и Хусеин Каоуд од од Универзитетот во Каиро, кој ги открил штетните последици на телото од ГМО при тестирањата на стаорците. Покрај ГМ компир, Хусеин открил дека истите последици по здравјето можат да ги предизвикаат и ГМ соја, пченка, пченица, а ваквите наоди за овие генетски отрови ги забележал откако ги тестирал на животни, кај кои подоцна била забележана попреченост при нормалната функција на организмот.
Кај стаорците и глувците имало мозочна попреченост и нарушеност во меморијата.
Останува да се види дали научната заедница во целост, која е под силно влијание на биотехнологијата, интересите на политичките структури ќе ги прифатат ваквите резултати или ќе се покорат на заканите како што беше примерот со „ликвидацијата“ на Арпад и неговиот тим.
Извор. stopgmo.mkГМО храната и понатаму е на мета на медиумите. Уште од 1998-ма година била актуелна, а британски биохемичар се обидел да ја открие вистината која с

Пронајдете не на следниве мрежи: