Откриен афлатоксин и во млекото во Холандија

Во млекото од две холандски фарми откриен е афлатоксин, соопшти Организацијата за индустрија на млеко во Холандија. Организацијата која опфаќа 98 отсто холандски фарми со млеко и 9.000 работници вработени во тој сектор е уверена дека контаминираното млеко од тие фарми не стигнало до продавниците. Афлатоксин е силна канцерогена материја којашто ја произведуваат некои видови габи, се наведува во соопштението. Според прелиминарните податоци, изворот за појавата на афлатоксинот е заразената пченка со габа којашто е користена за исхрана на стоката.
МакфаксВо млекото од две холандски фарми откриен е афлатоксин, соопшти Организацијата за индустрија на млеко во Холандија.

Пронајдете не на следниве мрежи: