Пред извесно време Цеца ја заскокотка фантазијата на фановите кога објави фотографија со мистериозен маж. Деновиве таа ужива на Тајланд на островот Кох Самуи, познат по убавите плажи и луксузните хотели. Идентитетот на нејзиниот сопатник конечно е откриен и многумина ќе се разочараат кога ќе дознаат дека не се работи за нова љубов на фолк дивата туку за нејзиниот најдобар пријател Сретен Радовиќ. Подоцна на патувањето им се придружи и фотографот Милош Надаждин со кого Цеца ќе сними спот за уште една песна од последниот албум.
За нејзината шминка ќе се погрижи стилист од Банкок, а оттаму ќе допатува и згоден манекен кој ќе ја придружува во спотот.
Цеца е сместена во бунгалови на самата плажа и секоја вечер ужива во спектакуларниот залез на сонцето.
После Кох Самуи пејачката ќе престојува во Банкок во хотел во центарот на градот во кој интересно е што рецепцијата се наоѓа на 23-тиот кат, а ресторанот на 52-тиот.
По слетувањето во Србија Цеца ја очекуваат нови обврски, а веќе кон крајот на февруари настапува во Ротердам.
Идентитетот на нејзиниот сопатник конечно е откриен и многумина ќе се разочараат кога ќе дознаат дека не се работи за нова љубов на фолк дивата тук



