Откриена е тајна нацистичка метеоролошка станица на Арктикот

Руски научници откриле остатоци од тајна метеоролошка станица, создадена од нацистите во Втората светска војна. Станицата, чие име може да се преведе како „ловец на богатство“ или „богатство на ловците“ (Schatzgraber) била сместена на островот Александар, кој влегува во составот на архипелагот Земјата на Франц Јосиф.За времето на експедицијата, која траеше од август до октомври, истражувачите откриле околу 500 артефакти, вклучувајќи воена униформа, муниција, метеоролошки апарати, предмети за домаќинство и лични предмети.
Некои од предметите датираат од 1942 година. Голем број од откриените артефакти се со нацистичка симболика.
„Досега постоеја само писмени сведоштва од престојот на Германците тука. Сега откривме и докази“, вели Евгениј Ермолов од проектот Руски арктичен национален парк.
Дел од артефакти не се добро сочувани поради суровите услови на Арктикот. Кожата, дрвото и ткаенините се зачувани добро, но металните предмети се оштетени поради влажната и ладна средина.
Метеоролошката станица им била потребна на Германците за обезбедување на навигација на бродовите и подморниците при премин по Северниот морски пат. Таа била изградена во 1943 година на 500 метри од брегот и на 30 метри надморска височина.
Станицата работела од септември 1943 до јули 1944 година. Тука имало неколку бункери и земјенки. До јули 1944 година станицата предала над 700 метеоролошки прогнози.
Според истражувачите, кога персоналот на станицата се судри со недостиг на обезбедување, се разболе од трихинелоза поради употреба на месо од бела мечка. Метеоролозите биле евакуирани, а самиот камп – уништен.
Пронајдените предмети ќе бидат предадени во Архангелск за идно истражување, а подоцна оваа година откриените предмети ќе бидат изложени пред јавноста.За времето на експедицијата, која траеше од август до октомври, истражувачите откриле околу 500 артефакти, вклучувајќи воена униформа, муниција, ме

Пронајдете не на следниве мрежи: